После стандардните неколку месеци на тестирање со програмерите и од пред некоја година со обичните корисници преку бета програмата, Apple оваа недела ги пушти финалните верзии, спремни за сите корисници од iOS и iPadOS.

Најновите верзии секако ја носат бројката 15, па иако Apple го издвои iPadOS како посебен систем, тој сепак уште е направен на основа на iOS и ги донесува повеќето од новините.

Инсталацијата на iOS 15 и iPadOS 15 е едноставна како и досега, односно се што треба е да се провери за нова верзија преку Settings апликацијата, односно General > Software Update. Процесот ќе потрае одреден период, додека се симне новата верзија, истата да се провери, по што дел се инсталира во позадина, а за остатокот ќе мора да се рестартира уредот.

Што е ново кај iOS 15, односно кај iPadOS 15 можете да погледнете во нашите претходни статии на соодветните линкови.

iOS 15 ќе можат да го инсталираат корисниците на iPhone 6S и понови, иако не сите уреди ќе ги имаат сите функции, односно тие поврзани со процесорот, додека iPadOS 15 ќе можат да го инсталираат iPad Air 2 и понови, iPad петта генерација и понови, iPad mini 4 и понови и сите iPad Pro модели.

Претходна статијаПроверете ја компатибилноста на вашиот компјутер со Windows 11 со новата верзија од PC Health Check од Microsoft
Следна статијаАпликацијата Challenger со нов продукт за компаниите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.