На својот WWDC 2021 настан, Apple ги претстави новите верзии од своите оперативни системи кои донесоа неколку новини кои привлекоа внимание. Новите верзии стандардно ќе им станат достапни на корисниците од есен, а Apple веќе неколку години им овозможува и на обичните корисници да ги пробаат тест верзиите.

Од денес iOS 15 и iPadOS 15 се достапни во бета верзија за корисниците кои не се програмери, односно за обичните корисници. Инсталацијата на бета верзија е едноставна и им овозможува на корисниците порано да почнат да ги користат новините кои ги донесуваат новите верзии од овие оперативни системи.

Како и да е, мора да се нагласи дека со инсталирање на бета верзии секогаш има одреден ризик од нешто да не функционира како што треба, па се препорачува да се направи бекап преку компјутерот пред инсталација на новата верзија.

Како и изминатите години, за да се инсталира бета верзија потребно е да се отвори оваа страна преку Safari, користејќи го уредот каде што се планира инсталацијата. Потребно е да се најавите со вашата Apple ID сметка, а доколку досега немате инсталирано бета софтвер од компанијата, прво ќе треба да се регистрирате за истото.

По регистрацијата, односно најавата, се симнува датотека која ќе биде прикажана во Settings и ќе треба да се притисна на истата. По инсталацијата на бета профилот, треба стандардно да се провери за нови верзии преку Software Update делот, па iOS 15, односно iPadOS 15 автоматски ќе бидат инсталирани.

Што ново донесуваат новите верзии од iOS 15 и iPadOS 15 можете да погледнете на достапните линкови.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаDell има свое решение за поврзување на компјутерите и мобилните телефони
Следна статијаDell Workstation машина со Intel процесор за работа од дома на вистинските професионалци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.