Фото: Microsoft

Иако Microsoft уште од самиот почеток ја истакна потребата од TPM 2.0 модул за да може да се користи Windows 11, тоа сепак не беше доволно јасно и прецизно објаснето, па кај корисниците остана исчекувањето за дефинитивна одлука од компанијата дали нивниот постар компјутер ќе може да биде надграден на новиот систем.

За да нема веќе забуни Microsoft потврди дека TPM 2.0 модулот дефинитивно останува услов за да корисниците можат да го инсталираат и користат Windows 11. Од компанијата истакнуваат дека овој модул доаѓа со матичните плочи, а во одредени случаи и со процесорите, кај компјутерите купени барем во изминатите пет години.

Исто така од компанијата ја истакнуваат и важноста на модулот за безбедноста на уредот, како што е заштитата на идентитетот со Windows Hello, шифрирање на податоците со BitLocker и слично.

Сепак, не сите компјутери кои имаат TPM 2.0 модул истиот им е вклучен, па Microsoft објави посебен дел со совет како корисниците да проверат дали имаат и дали е вклучен модулот, а исто така како да го вклучат истиот доколку не е.

Проверката за модулот наједноставно може да се направи со вклучување на Windows Security апликацијата која ако не сте ја користеле досега, можете да ја најдете преку Settings > Update & Security > Windows Security. Во овој дел на левата страна достапен е делот Device Security каде што стои статусот на Security Processor. Доколку вашиот TPM 2.0 модул е активен, во овој дел ќе може да се види истото, а во овој дел ја има е верзијата на модулот, односно може да се види дали Specification Version е 2.0.

Во случај да не е активен модулот, а се работи за не толку стар компјутер, со што треба да го има, истиот се активира преку bios-от. Овој дел се препорачува да го направи некој којшто знае што прави поради ризикот да се направи поголем проблем, иако Microsoft го објаснува процесот.  

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Tom's Hardware
Претходна статијаШто ново донесуваат новите iPhone 13 телефони во 7 минути
Следна статијаНова лабораторија за молекуларна микробиологија со real-time PCR детекција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.