Фото: Netflix

Netflix за корисниците во Кенија, каде има 20 милиони интернет корисници од кои мал број се корисници на сервисот, ќе добијат можност да го пробаат истиот и користат целосно бесплатно и без реклами.

Во неделите што следат, корисниците од Кенија ќе можат да ја креираат својата Netflix сметка без потреба од внесување на платежна картичка, а единствен услов ќе биде тие да се полнолетни, односно да имаат повеќе од 18 години.

Целта на Netflix е да ги мотивира корисниците во оваа земја да го пробаат сервисот, а со тоа можеби во иднина да се решат да почнат да плаќаат.

Се разбира, бесплатната сметка нема да ги има сите предности на платените, иако тоа нема да вклучува прикажување на реклами. Корисниците ќе можат да гледаат ограничен број на филмови и серии, според информациите само четвртина од целосната понуда.

Исто така, бесплатна сметка ќе може да се креира само преку телефон, сега за сега само преку Android, па покрај недостатокот на голем дел од содржината, корисниците ќе треба да платат доколку сакаат да почнат да гледаат и преку нивниот телевизор.

Netflix не ретко изминатите години експериментира со понуди кои не се како нивната стандардна за да привлече повеќе корисници во време кога имаат се повеќе конкуренција. Еден од начините за да го зголемат бројот на корисници е да привлечат нови на пазари каде гледањето на онлајн стриминг сервиси уште не е нешто доволно популарно и масовно.

Еден пример за слична претходна ваква понуда беше пред неколку години во Индија каде на корисниците им беше достапен пакет од 3 долари кој може да се користи само преку мобилен телефон.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаСтудија на Microsoft го покажува ефектот на работата од дома на иновативноста во компаниите
Следна статијаПроверете ја компатибилноста на вашиот компјутер со Windows 11 со новата верзија од PC Health Check од Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.