Фото: Microsoft

Сигурни сме дека желбата на повеќето вработени е да работат од дома, доколку тоа е можно за нивното работно место. Ова ја трга потребата од фиксно работно време и превоз до работното место, а тука е и предноста од подобра концентрација во празниот стан, наместо во полна канцеларија.

Досегашните истражувања потврдуваат дека продуктивноста е подобрена по зголемувањето на бројот на луѓе кои работат од дома поради пандемијата која е тука скоро две години.

Сепак, истражување од Microsoft покажува дека не е се само позитивно со појавата на овој начин на работа од дома. Според студијата објавена во Nature, иако продуктивноста е зголемена, тоа што трпи е иновативноста во компанијата на долгорочен план.

Со други зборови, можноста да се работи од сопствен простор, а посебно за тие кои немаат деца или тие се во училиште во текот на работното време, навистина има свои предности, па вработените успеваат да завршат повеќе работа во текот на денот.

Условите кои овозможуваат подобра работа во исто време ја тргаат комуникацијата која вработените ја имаат кога се во канцелариите. Тоа вклучува и разни ситуации каде вработените разговараат по ходниците, на паузи и слично. Оваа интеракција во живо е нешто што донесува до размена на идеи, па нејзиниот недостаток ќе доведе до пад на иновациите во компаниите.

Ова директорот на Microsoft го нарекува парадокс на хибридната работа, односно зголемувањето на продуктивноста од една страна, но жртвување на иновативноста.

Microsoft планираше да започне со враќање на вработените во канцелариите од октомври, меѓутоа појавата на делта варијантата од коронавирусот и повторното зголемување на бројките на позитивни и болни луѓе, доведе до одложување на плановите. Од компанијата сега не најавуваат нов период кога се планира ова, па ќе остават на ситуацијата да покаже.

ИЗВОРGeekWire
ИЗВОР 2Inc
Претходна статијаНова лабораторија за молекуларна микробиологија со real-time PCR детекција
Следна статијаNetflix ќе почне да нуди можност за користење на сервисот бесплатно во Кенија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.