Фото: Apple

Пред една недела корисниците на Apple за првпат добија вградени функции со генеративна вештачка интелигенција, односно најголемиот дел од корисниците, кои не ја користат бета програмата.  На 28 октомври Apple ги пушти iOS/iPadOS 18.1 и macOS 15.1 верзиите со кои дојде и Apple Intelligence. 

Како што веќе со месеци е познато, Apple не ги пушти сите презентирани во јуни Apple Intelligence функции веднаш, па истите ќе бидат пуштани постепено до пролет. 

Сепак, повеќето од најавените функции ќе бидат пуштени со iOS 18.2 верзијата, па ќе остане само целосно подобрената верзија од Siri за идната година. 

Марк Гурман, преку неговиот најнов неделен билтен, го најавува пуштањето на iOS 18.2, како и macOS 15.2, за почетокот на идниот месец, поточно на 2 декември. Доколку ова се покаже како точно, корисниците нема многу да чекаат додека на нивните Apple уреди ги добијат повеќето од најавените Apple Intelligence функции. 

Со наредната група на Apple Intelligence функции ќе станат достапни Image Playground апликацијата за генерирање на слики, Genmoji функцијата за генерирање на „емоџи“ икони, како и интеграцијата на ChatGPT во Siri.

Најголемите новини кај Siri, како што е пристапот до податоците на корисниците и разбирање на содржината на тоа што во моментот се прави, Гурман ги најавува со iOS 18.4, верзија која треба да биде пуштена во април. 

Со оваа верзија корисниците од Европската Унија за првпат ќе добијат пристап до Apple Intelligence. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаВо Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство
Следна статијаДостапна првата официјална верзија од Thunderbird на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.