Најновиот неделен билтен од Марк Гурман покрива неколку теми, а главната е неговата анализа за тоа дека Apple може повторно да се обиде да влезе повеќе на „гејминг“ пазарот со новите Mac mini кои беа претставени минатата недела.
Насловот на билтенот е „Apple конечно ја најде својата играчка конзола со новите Mac mini“. Ова секако не значи дека од компанијата планираат така да го промовираат нивниот уште помал десктоп компјутер, а бројот на игри на Mac се’ уште е премал за да може да се говори за било каква сериозна конкуренција од страна на Apple на пазарот.
Главниот аргумент на Гурман е дека новиот Mac mini доаѓа со одличен хардвер, односно со одлични перформанси кои директно можат да конкурираат на двете играчки конзоли PlayStation и Xbox. Дури и цената на овие уреди е слична, што значи дека корисниците можат да го земат и новиот компјутер од Apple во предвид.
За ова дополнително како фактор се истакнува и повеќе од дуплото намалување на големината на Mac mini, па овој уред сега е доста лесно да се преместува и да се поврзе со телевизорот во дневната.
На почетокот од статијата Гурман пишува и за обидите на Apple на овој пазар, како и дека успехот го имаат само кај игрите за мобилни и таблет компјутери. Го споменува и Apple TV уредот кој сепак не успеа да се пробие на пазарот како уред за игри и покрај тоа што доаѓа со поддршка за сите контролери за игри.
„Значи, од хардверска гледна точка, Apple е во добра форма. Од софтверската страна, компанијата неодамна го надгради својот Metal графички софтвер. Комбинирајте го тоа со други графички технологии за macOS, добро интегрирана продавница за апликации, нов софтвер за пренесување игри и поддршка за контролери од трети страни и имате речиси идеален систем.“ – истакнува Гурман.
Во основа, може да се заклучи дека Гурман добро забележување дека Apple има направено одлична основа нивните Mac компјутери да почнат да се гледаат како привлечни за програмерите на игри. Сепак, малиот број на игри ги прави овие компјутери да не бидат земени во предвид од страна на корисниците кои сакаат да играат игри, а поради тоа и нема доволно игри.
„Но, најголемиот предизвик на Apple останува релативниот недостаток на наслови за игри. Иако компанијата постигна одреден напредок во овој оддел – го донесе Death Stranding на Хидео Коџима и неодамна вети Cyberpunk 2077 – библиотеката за игри на Mac сè уште е зад на оние на Sony и Microsoft со милји.“
„Надежта и за Apple и за потрошувачите е дека најновиот хардвер е доволен за да ги натера развивачите на игри сериозно да размислат да донесат повеќе од нивната најдобра работа на Mac.“ – заклучува Гурман.