Фото: Thunderbird

Информациите од 2022 година дека продолжува развојот на познатиот имејл клиент Thunderbird, кој подолго време престана да се развива активно со Firefox од страна на Mozilla, беа одлична вест за големи број на „фанови“. Новата и целосно редизајнирана десктоп апликација од Thunderbird беше пуштена во јули 2023, а беше најавен развој и на мобилна верзија. 

Уште во 2022 беше најавено дека развојот на мобилната апликација ќе биде на основа на познатата K-9 Mail, нешто што требаше да го олесни и забрза развојот, наместо почнување од почеток. 

Со продолжување на роковите, сега официјално е достапна првата мобилна верзија од новиот Thunderbird. Како што се очекуваше, оваа верзија е достапна само за корисниците на Android, а ќе видиме дали некогаш ќе биде пуштена и iOS верзија. 

Првата финална верзија од Thunderbird за Android веќе е достапна за симнување преку Play Store, а истата го донесува стилот на дизајн од десктоп верзијата, односно се работи за доволно голема измена на K-9 Mail. 

Корисниците имаат можност за ги пренесат сите нивни прилагодувања од K-9 Mail на новата Thunderbird, а исто така тие можат да бидат пренесени и од десктоп верзијата на Thunderbird. 

Со оглед на очекуваните корисници, Thunderbird за Android е доста напредна и сложена апликација која на корисниците ќе им овозможи доста можности за прилагодување. 

Апликацијата има поддршка за поврзување на било кои сметки преку POP3 и IMAP, а достапни се и функции како OpenPGP и S/MIME. 

Покрај за пораки, Thunderbird може да се користи и за читање на вести, како и за менаџирање на календари. 

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2Thunderbird
Претходна статијаНаредната група на Apple Intelligence функции треба да се очекува во првата недела од декември
Следна статијаНова категорија во образованието за средношколци: NU ги премостува границите на традиционалното средно образование
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.