The Verge

Старт менито на Windows 10 нема да остане исто, а тоа ни е јасно поради намалувањето на значењето на универзалната платформа од страна на Microsoft, платформа која никогаш не доби популарност кај програмерите. „Живите плочки“ се голем дел од оваа платформа на кои се прикажуваат информации од апликациите, како на пример, ново пристигнатата порака во имејл апликацијата.

Првите вистински докази за промената на Старт менито дојдоа со најавата на Windows 10X, оперативен систем наменет за новите уреди со двоен екран, како и за уредите со екрани кои се превиткуваат. Старт менито кај овој оперативен повеќе наликува на Search делот во поновите верзии од Windows 10, а наместо плочки, ова мени има икони од најмногу користените апликации, како и документите кои корисникот ги има користено.

Веќе можеше да се прочита дека ова мени ќе дојде и кај Windows 10, до крајот на годината или идната година, но ова сепак е непотврдено и според новите информации, одлуката за тоа уште не е донесена во компанијата и во голем дел ќе зависи од искуството со Windows 10X.

Според официјалните информации од Microsoft, презентирани на подкаст за Windows Insider, Старт менито во Windows 10 ќе добие одредени промени, меѓутоа сега за сега нема да ги изгуби плочките.

Плочките сепак ќе добијат нешто поразличен изглед кој според нас ќе го направи многу подобро менито кое сега е полно со истакнати бои кои често се различни кај различните апликации.

Како што може да се види од сликата, бојата на плочките ќе биде заменета со една скоро целосно проѕирна позадина каде новиот дизајн на иконите многу подобро ќе дојде до израз.

Исто така многу подобро ќе изгледа и листата на сите апликации која се наоѓа на левиот дел од менито, каде исто така акцентот ќе биде ставен на иконите, а ќе биде тргнат квадратот околу нив, нешто што е останато сепак од времето на Windows Mobile.

Ова значи дека сепак до одлуката за целосно тргање на плочките, тие барем ќе изгледаат многу подобро, а кога ќе можеме да го видиме ова ново мени нема информации, но веруваме дека наскоро ќе стане достапно во тест верзиите од Windows 10.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНееднаквост во светот на криптовалутите?
Следна статијаApple ќе им плаќа оштета на корисниците во САД за намалувањето на работата на iPhone поради батеријата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.