Apple

Пред 2 години се дојде до откритието, кое сега популарно кај странските портали се нарекува „batterygate“, дека Apple ја намалува работата на iPhone телефоните преку ограничување на процесорот, поради намалениот капацитет на батеријата која веќе е доволно стара.

Проблемот секако настана поради тоа што Apple не го објавуваше ова јавно и корисниците не знаеја дека нивниот iPhone работи побавно поради софтверско ограничување. Поради тоа, корисниците решаваа да купат нов iPhone телефон, мислејќи дека нивниот е веќе доволно застарен.

По откритието на практиката на Apple и по официјалното „признание“, од компанијата решија да им дадат попуст на корисниците да купат нова батерија, по што телефонот ќе продолжи да работи многу подобро.

Сепак, за доста корисници ова не беше доволно, па компанијата доби повеќе тужби преку кои се бара оштета на корисниците. Една од тие тужби заврши со спогодба, каде Apple сепак не признава дека направиле нешто погрешно, но се сложуваат да исплатат одредена сума како оштета поради заштеда на пари доколку продолжи парницата.

Според информациите, оштетата ќе изнесува по околу 25 долари по корисник, но сумата ќе зависи и од тоа колку корисниците ќе се пријават да ја добијат, што значи истата може да оди нагоре, но и надолу.

Исплатата им следува на сите корисници од САД на iPhone 6, 6 Plus, 6s, 6s Plus, 7, 7Plus и SE кои работат на iOS 10.2.1 или понова верзија.

Исто така, оштетата им следува на корисниците кои го имаат купено својот iPhone пред декември 2017 кога и официјално се дозна за практиката на Apple.

Оваа сума на им следува на корисниците надвор од САД, но тоа не значи дека некоја друга група по оваа одлука, нема да поднесе тужба пред судовите во други земји со што ќе се дојде до истиот резултат.

До почетокот на исплатата на оштетата останува уште потврдата од страна на судот за постигната спогодба.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаMicrosoft ја прикажа можната промена на Старт менито кај Windows 10
Следна статијаКако коронавирусот влијае на загадувањето во Кина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.