Apple

Компанијата од Купертино се огласи во врска со шпекулациите дека постарите модели на нивниот најпопуларен бренд iPhone, со текот на времето стануваат побавни поради ослабнувањето на батеријата.

Од Apple потврдија дека ваквите наводи се точни. Многумина шпекулираа дека Apple намерно ги забавува своите постари iPhone-и со цел да ги натера корисниците да купат нови. Меѓутоа, иако ваквиот став звучи сосема логички, сепак природата на овој проблем е од технички карактер.

Имено, литиум-јонските батерии кои се користат за напојување на мобилните уреди имаат релативно кус животен рок. Со текот на времето нивниот капацитет се намалува, па уредот ја забавува својата прцесирачка моќ за да одржи баланс. На тој начин всушност се продолжува животниот век на уредот.

Apple

Причината поради која литиум-јонските батерии „стареат“ е едноставно хемиски процес. При секое полнење и празнење во батеријата се одвива хемиски процес кој ги менува физичките својства на електролитот. Поедноставно, ова би можело да се спореди со рѓосувањето на челикот. Континуираното полнење и празнење на батеријата прави ерозија на материјалот кој со тек на време губи од својот капацитет да чува електрична енергија. На забрзување на процесот дополнително влијаат високи температури и повисока волтажа од предвиденото.

Ако и вие како корисник на Apple производи и се соочувате со ваков проблем постојат неколку можни солуции. Едната е да ја замените батеријата на вашиот мобилен телефон со нова. Таа ќе обезбеди доволно количество на енергија за процесорот да работи на оптимално ниво. Така вашиот стар и бавен iPhone повторно ќе „заживее“.

Понатаму, доколку сакате вашата батерија да има подолг животен век, погрижете се да ја полните со оригинален полнач кој нема да ја прегрева. За време на летниот период обидете се да го чувате телефонот без маска, доколку веќе ви е неопходен да го користите.

Извори: BBC, Engadget, Cnet

Претходна статијаFacebook ќе не известува кога не има на слики, иако не сме означени
Следна статијаМакедонската апликација When in X повторно се најде меѓу најдобрите стартапи во Европа