Shutterstock.com

Една од разликите помеѓу криптовалутите и fiat парите е што кај првите сите трансакции се јавни на блокчеинот. Иако трансакциите се анонимни, секој може да види и со одредени алатки да ги следи трансакциите на адресите. Поширока дистриубија на криптовалутите е еден индикатор дека истите почесто се користат како пари.

Користејќи ја транспарентноста на блокчеинот, CoinMetrics објави интересна анализа (Crypto Supply Distribution Patterns) каде што се прикажани кои адреси колку поседуваат од вкупната количина на одредени криптовалути (селектирани 8 криптовалути). Некој вид на приказ на „социјалната нееднаквост“ во светот на крипто. Секако, овие анализи не се совршени бидејќи еден ист човек може да поседува повеќе адреси. Без разлика.

Групирајќи ги контата на адресите по дел од вкупната понуда на криптовалута, анализата прикажува број на адреси кои поседуваат барем 1/10милијардити дел од вкупната понуда (0. 0000000001%), па се до адреси кои поседуваат барем 1/1 илјадити дел од вкупната понуда (0.001%), што значи 1/10 милијардити дел = ~19$ денес. Дополнително, анализата ни прикажува колкав дел од понудата во оптек поседуваат овие групи на сопственици.

Како стојат работите?

Најширока дистрибуција има Биткоин. Најголемите сопственици на биткоини (оние со биланси од најмалку 1/1илјадити дел од вкупната понуда во оптек) поседуваат околу 11% од биткоините во оптек (во февруари 2011 година, поседувал дури 33% од биткоините). На нивна сметка се зголемува бројот на сопственици на мали сопственици на биткоин.

Кај Етереум е сличен трендот, но фактичката состојба е значително поконцентрирана. Иако уделот на големите сопственици опаѓа на сметка на малите, сепак истите поседуваат дури 40% од етерите во оптек.

Слична е состојбата и со Лајткоин. Кај Рипл и Стелар работата е ужасна – дури 85% од нивните криптовалути ги поседуваат неколку адреси.

Проектите кои се „откинаа“ (forks) од Биткоин ја наследија распределбата на Биткоин, но со тек на време дистрибуцијата е значително променета. На пример, кај Биткоин Кеш од 14% сопственост на големите играчи во Биткоин Кеш во моментот на „откинување“ од Биткоин (август 2017) денеска концентрацијата на оваа крипто во оваа група е зголемена на 29% од вкупниата маса во оптек. Кај Биткоин BSV па нема големи промени од моментот на „откинување“ во распределбата на оваа крипто.

Се на се, очигледно дека најголемите позитивни трендови во дистрибуција на сопствеништво на криптовалути, што е клучно за контрола и привлечност на проектите, е кај Биткоин, па Етереум. Останатите имаат преголема доминација на мал број играчи, што има преголеми ефекти врз сите компоненти од криптовалутите во прашање.

Претходна статијаИнститутот ИНРЕКОМ ја објави својата втора компаративна анализа на мобилните услуги во Македонија
Следна статијаMicrosoft ја прикажа можната промена на Старт менито кај Windows 10
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.