Таканаречените „живи плочки“ кои од Windows Phone дојдоа на десктоп со Windows 8, никогаш не ја добија заслужената популарност и искористеност од страна на програмерите. Овие плочки можеа да бидат навистина корисни додатоци на едноставните икони, прикажувајќи по некоја информација, наместо да се тука само да се кликнат и да отворат некоја апликација.

Сепак, слабата популарност на Windows Phone, но и на Windows 8, го направи своето. Програмерите никогаш ни приближно доволно не се заинтересираа за развивање на апликации за овие платформи, па со тоа никогаш и не се разви Windows Universal Platform на чија основа работат и плочките.

Кога ќе се земе сето ова во предвид, а посебно новото старт мени кое ќе биде дел од Windows 10X, верзијата од Windows 10 за уредите со двојни и екрани кои се превиткуваат, стана јасно дека живите плочки нема да имаат уште долго време на постоење.

Во овој правец оди неофицијалната информација која ја објавија од порталот Windows Latest кои тврдат дека ја имаат добиено од извори кои се запознаени со развојот на Windows 10.

Според овие извори, Windows 10 веќе нема да ги има живите плочки во старт менито, односно ова мени ќе добие нова верзија која ќе биде како таа кај Windows 10X.

Новото старт мени многу наликува на новото мени за пребарување на Windows 10, збогатено со икони преку кои ќе се вклучуваат апликациите.

Во досегашниот развој на новото старт мени се гледа дека тоа на почетокот, односно горе, ќе има лента за пребарување, по што ќе седат најмногу користените апликации со можност да се прикажат сите, а потоа ќе бидат прикажани најмногу користените документи.

Ова дефинитивно е старт мени кое ќе има многу поголема корист за корисниците и верувам дека многу почесто ќе го користат за разлика од сегашното.

Според изворите, новото старт мени може да се очекува некаде по пуштањето на втората надградба на Windows 10 за оваа година во есен, што значи дека тест верзиите од Windows 10 може да го добијат менито и до крајот на годината, а за сите корисници пореално е да се очекува дури идната пролет.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаHuawei дава ново значење на креативноста со HUAWEI MatePad Pro
Следна статијаApple не дозволува нивните производи да се користат од лошите карактери во филмовите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.