Shutterstock.com

Apple како компанија е можеби исто толку позната по својот маркетинг, колку што е и по своите производи. Многу често има шеги кои кажуваат дека Apple е маркетинг компанија, а не ИТ компанија.

Според режисерот Риан Џонсон, Apple одат до таму што тие не дозволуваат нивните производи да се користат од страна на лошите ликови во филмовите и сериите. Со ова, истакнува Џонсон, сите што прават филмови во кои лошиот карактер е таен и треба да се дознае покасно во филмот, ќе сакаат да го „убијат“.

Со оваа информација, гледачите сега ќе знаат дека ако некој лик во филм или серија користи iPhone, тој нема да може да се покаже како лошиот подоцна во филмот. Ова малку ја намалува мистеријата, па може да донесе до тоа да во такви филмови воопшто не се користат iPhone телефони.

Apple се многу строги со тоа како сакаат да се користи нивниот бренд. Тие секогаш сакаат нивните производи да бидат прикажани во најдобро светло. Не сум сигурен дали е така, но се истакнува дека во познатата серија 24, добрите ликови секогаш користеле Mac, додека лошите Windows компјутери.

Интервјуто на Риан Џонсон за Vanity Fair е во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаWindows 10 може да го добие новото старт мени од Windows 10X во кое веќе ги нема „живите“ плочки
Следна статијаHuawei ја претстави новата платформа HUAWEI AppGallery и визијата за градење безбеден и сигурен мобилен екосистем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.