Со оглед на тоа што целото внимание околу Windows 10 е насочено кон бесплатната надградба за повеќето корисници, сите се надеваа дека Microsoft ќе ја промени ценовната политика за тие кои што сепак нема да можат да го надградат системот.
Сепак, цената на Windows 10 ќе биде иста како таа на Windows 8. Тоа значи дека доколку сакате да купите лиценциран Windows 10 Home, ќе треба да платите 119 долари, односно 199 долари за Pro верзијата. Надградба од Home на Pro верзија, односно таканаречен Pro Pack, ќе чини 99 долари.
Овие цени најмногу би ги интересирале корисниците кои што користат постара верзија од Windows 7, или корисниците кои што самите си составуваат сопствена конфигурација за која што мора да купат лиценца за оперативниот систем.
Ова е сепак поретко во земјите како нашата, каде што освен ако не се добие некој поголем попуст, се користат пиратски верзии од оперативниот систем.
За останатите останува да ја резервираат својата надградба на Windows 10 која што Microsoft официјално ја најави за 29-ти Јули оваа година.