lapdog-590x330

Веќе на неколку наврати пишувавме за Steam машините и како ќе се обидат да ги префрлат компјутерските игри во дневната соба, но и натаму има многи пречки во нивното освојување на пазарот на конзолите.

Најголема пречка за компјутерските гејмери е веројатно џојстикот, кој и покрај тоа што е исклучително удобен за користење во скут, односно на фотелја, не може целосно да ги замени маусот и тастатурата во акционите игри, особено кај оние што се играат во прво лице и бараат брза реакција. Од друга страна, пак, користењето на маус и тастатура во дневната соба е исклучително неудобно, односно, скоро и невозможно.

За оние кои го сакаат најдоброто од двата света, Corsair лансираше нов уред, кој е сет од маус и тастатура, наменет за користење во скут, односно за користење на голем телевизор. Може да се поврзе со Steam машините, но и со секој друг компјутер и да го направи играњето акциони игри природно и удобно.

lapdog_wired

Како вистински гејмерски продукт, Lapdog има можност и за жично и за безжично поврзување на маусот. Првото е за оние кои сакаат максимално брзо реагирање во игрите, додека второто е наменето за оние на кои им е поважна удобноста. Жичното поврзување е интересно решено, со вертикална пластична рачка и кабел кој може да се истегнува, со цел кабелот да не пречи во играњето. Подлогата за маусот пак е изработена од специјална пена, со цел максимална удобност и прецизност.

Покрај подлогата за маусот, Lapdog има и специјален дел за ставање тастатура, кој може да прими компактни тастатури (без делот со бројките отстрана) од многу различни брендови, но, бидејќи имаат такви тастатури и во својата понуда, препорачуваат користење на одличната механичка тастатура Corsair K65, која во пакет со Lapdog ќе чини 199 долари. Само уредот, без тастатурата, пак, чини 89 долари.

Покрај тоа што ќе овозможи високо квалитетен гејминг и во вашиот кауч, Corsair Lapdog има и неколку USB порти за поврзување, што значи дека ќе можете и да си го полните телефонот додека играте, што го прави уште поинтересен овој уред.

Извор: Geek

Претходна статијаКолку ќе чини Windows 10 доколку не ви следува бесплатната надградба
Следна статијаThunderbolt 3 ветува највисоки брзини на трансфер и USB Type-C поврзување