HERO_Straight Group 1a_07.01.15_72

После повеќе години во најава, првиот Ubuntu телефон го видовме на почетокот од оваа година, поточно во Февруари. Беше направен од шпанскиот производител на Android телефони, BQ.

Телефонот беше дел од моменталната понуда на производителот, односно веќе се продаваше со Android оперативниот систем. Моделот беше BQ Aquarius E4.5 кој што е од пониската класа, но сепак не ја намали важноста на конечното влегување на Ubuntu на пазарот на мобилни телефони.

Новиот модел кој што ќе биде претставен од истата компанија може да се очекува веќе од средината на овој месец. Иако и овој пат тој нема да биде од високата класа, сепак карактеристиките се доста подобри, па може да се очекува поголем интерес.

Повторно се работи за постоен Android модел, во овој случај Aquaris E5 HD. Тој доаѓа со 5 инчен IPS екран со HD резолуција, односно резолуција од 1280×720 пиксели. Работи на осум јадрениот MediaTek процесор на 1.3GHz, а вклучува и 1GB RAM меморија. Просторот за складирање е исто така поголем, па тој сега вклучува 16GB.

Aquaris E5 HD Ubuntu Edition исто така вклучува и 13 и 5 мегапикселни камери на задната, односно предната страна.

Телефонот се очекува да биде достапен за европските корисници преку онлајн продавницата на BQ и треба да се продава за цена од околу 200 евра без договор.

Без разлика на малиот пазарен удел на се што не е Android или iOS, појавувањето на нови оперативни системи секако е добро за пазарот и корисниците. Тие ако не повеќе, барем вршат одреден притисок на поголемите играчи за константен развој, а се разбира нудат и поголем избор за една категорија на корисници кои што не сакаат да ги користат главните платформи.

Ubuntu оперативниот систем е исто така познат како вториот од двата системи кои што нудат можност за користење како десктоп компјутер при поврзување со поголем екран, заедно со Windows 10.

Извор: TNW, The Verge

Претходна статијаWunderlist официјално во сопственост на Microsoft
Следна статијаКолку ќе чини Windows 10 доколку не ви следува бесплатната надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.