Темните теми на апликациите се веќе одреден период навистина популарни кај корисниците. Кога се вклучени тие се попријатни за очите во ноќните часови, а исто така овозможуваат подобра заштеда на батеријата, а посебно кај OLED екраните.

Популарноста на темните теми оди до таму што веќе и повеќето оперативни системи имаат „темен режим“, како на пример Windows 10 и macOS. Во случајот на Android, темен режим имаат некои од променетите верзии од оперативниот систем од страна на производителите на мобилни, како што е на пример новиот One UI од Samsung.

Во наредната верзија од Android, односно Android Q, темниот режим ќе дојде стандардно со оперативниот систем, па корисниците ќе можат едноставно да го вклучат во прилагодувањата.

Оваа информација доаѓа од XDA Developers кои имаат дојдено до развојна верзија од Android Q, па ни откриваат што ново ќе може да се очекува.

Темниот режим ќе ги промени во темно сива и црна боја сите елементи од корисничкиот интерфејс, вклучувајќи ги и известувањата.

Она што е интересно, а не сум сигурен како ќе функционира, е што е откриена можност да на сите апликации им се наложи вклучување на темен режим, дури кога тие и немаат поддршка за истото.

Покрај оваа новина, уште една привлекува внимание. Се работи за десктоп режим на работа кога уредот ќе биде вклучен на поголем монитор. Ова е нешто што веќе го нуди Samsung во својата Note серија, а го имаме видено како решение и од друго производители.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2Mashable
Претходна статијаGoogle се приклучува на трендот од конкурентите и ќе претстави Lite верзија од Pixel 3?
Следна статијаGoogle купува дел од технологијата за паметни часовници на Fossil за 40 милиони долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.