Новото мобилно решение поддржано од Samsung паметниот телефон обезбедува подобрено искуство со Android и Windows апликациите

Сеул, Кореа – 29. Март, 2017 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го објави Samsung DeX, дизајниран за да ја подобри продуктивноста за професионалците кои се во постојано движење со намалување на потребата за носење на различни комјутерски уреди. Компатибилен со Galaxy S8, Samsung DeX обезбедува десктоп налик на Android, овозможувајќи им на корисниците да имаат беспрекорен пристап до апликациите, да ги уредуваат документите, да пребаруваат на Интернет, да гледаат видеа, одговараат на пораки и други активности, директно од паметните телефони на поголем екран, тастатура и глувче.

Samsung DeX обезбедува врвна, продуктивна средина. Комплетно редизајнираниот Android UI е оптимизиран за користење со тастатура и глувче и вклучува променлива големина на прозорци, контекстуални мениа и десктоп верзија на веб пребарувач. Клучната соработка со Microsoft и Adobe овозможува компатибилност на Samsung DeX со Microsoft Office и Adobe мобилните апликации вклучувајќи го Adobe Acrobat Reader mobile и Lightroom Mobile, дозволувајќи слична десктоп функционалност и кориснички интерфејс кои предходно беа недостапни за паметните телефони. За вработените во постојано движење и компаниите кои побаруваат пристап до апликациите базирани на Windows OS, Samsung DeX  исто така дозволува корисниците оддалеку и безбедно да пристапуваат до виртуелните десктопи преку партнерски решенија вклучувајќи ги Citrix, VMware и Amazon Web Services.

За да започнат со работа, корисниците едноставно го внесуваат својот Самсунг паметен телефон во DeX Станицата, која го поврзува паметниот телефон со HDMI компатибилен монитор и се поврзува до секој Bluetooth, USB или RF тип на тастатура и глувче.

“Паметниот телефон стана централна точка за модерните професионалци, кога презентираат или оддалеку уредуваат документи. Тие можат ефикасно да работат користејќи го само својот паметен телефон. Го развиваме Samsung DeX имајќи ги на ум високо квалификуваните вработени, овозможувајќи им флексибилно десктоп доживување. Нашата соработка со клучни партнери како Adobe и Microsoft беше од суштинско значење за развивањето на Samsung DeX. Со нив споделуваме иста визија за изградба на квалитетот во продуктивноста кај луѓето во постојано движење. Деловните корисниците на Samsung DeX исто така можат да бидат сигурни  дека нивните паметни телефони и податоци се заштитени од Samsung Knox безбедносната мрежа вградена во паметните телефони. Samsung DeX  редефинира сè што би можел да направи паметен телефон за да ја одржи и зголеми продуктивноста кај вработените” – изјави Ионјонг Рхи (Younghee Lee), Главен Директор за Технологија во Бизнисот на Мобилната Комуникација, Самсунг Електроникс.

Додека е поврзан со DeX Станицата, паметниот телефон е заштитен преку безбедносната платформа Samsung Knox. За дополнителна безбедност податоците на корисникот нема да бидат пренесени од уредот на десктопот.

DeX Станицата ја обезбедува поврзаноста која им е потребна на вработените вклучувајќи две USB 2.0, Ethernet, USB type-C power-in и вентилатор за ладење. DeX СТаницата исто така располага со Adaptive Fast Charging (AFC) технологија за брзо полнење на Samsung паметниот телефон додека е поврзан. DeX Станицата ќе биде достапна на глобално ниво заедно со Galaxy S8 и најверојатно овие уреди ќе биде понуден како пакет, во зависност од регионот.

Оставете коментар