За време на презентациите на конференцијата од Samsung за програмерите, Samsung Developer Conference 2018, која започна вчера, Samsung покрај долгоочекуваниот Infinity Flex екран, ни прикажа и како ја замислува иднината на нивниот кориснички интерфејс.

Како што ви е познато на повеќето, Samsung го користи Android оперативниот систем на своите уреди, но користи сопствени измени кои скоро целосно го менуваат изгледот и работата на овој систем.

One UI е името на најновиот кориснички интерфејс којшто ќе им биде достапен на корисниците прво како бета верзија по што од јануари идната година ќе им биде достапен на корисниците на Galaxy S9, S9+ и Note9, како и на новите уреди кои ќе бидат потоа претставени.

Она што е карактеристично за One UI е дополнителното „расчистување“ на корисничкиот интерфејс со ставање акцент на тоа што во моментот се користи преку дополнителни бои, како и нови заоблени елементи кои е карактеристични и кај најновата Android верзија и апликациите од Google.

Она што навистина привлекува внимание кај овој нов интерфејс е што тој е направен со големите уреди, кои се најмногу актуелни, на ум. На презентацијата од компанијата истакнаа дека овие уреди не можат баш едноставно да се користат со една рака, па корисниците треба да се „мачат“ обидувајќи се со палецот да стигнат до сите краеви на екранот.

One UI ќе го реши овој проблем со сместување на повеќето важни елементи од корисничкиот интерфејс во долниот дел од екранот. На тој начин корисниците нема да мора да „шетаат“ со палецот на сите страни, елементите ќе бидат достапни, па нема ни да треба да го вклучуваат режимот за користење на уредот со една рака која често и не помага во користењето.

Уште една работа која ќе биде нова кај One UI, а е исто така добредојдена и во правец на олеснување на работата со телефоните е темна тема на целиот систем, односно интерфејс. Ова е посебно корисно кога се користи телефонот навечер, па покрај тоа што им олеснува на очите, дополнително штеди од батеријата на уредите кои работат на OLED екран.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFacebook ќе овозможи простор од 10 минути за бришење на пратена порака во Messenger
Следна статијаAndroid ќе добие поддршка за уреди со екрани кои се превиткуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.