Google се приклучува на трендот од конкурентите и ќе претстави Lite верзија од Pixel 3?

Google ќе претстави конкурентен модел на поевтините iPhone XR и ненајавениот Galaxy S10 lite

Apple е компанија која ги поставува трендовите на пазарот на смартфони. Иако тие не беа први кои претставија уред со исечок на екранот, овие уреди не станаа популарни се до iPhone X.

Истото изгледа важи и за минатогодишниот iPhone XR, трет модел во серијата кој доаѓа со пониска цена од другите два модели, на сметка на одреден процент на различни карактеристики.

Иако не е 100% сигурно, сепак со голема сигурност знаеме дека и Samsung повторно ќе се врати на lite верзиите од своите најдобри модели, па за 20 феврурари се очекува претставување на три различни варијанти од Galaxy S10 серијата.

Според неофицијалните информации, истото го планира и Google, oдносно и тие ќе претстават модел којшто ќе им конкурира на овие поевтини модели од двата најголеми конкуренти на пазарот.

Google Pixel 3 Lite е наводно моделот којшто од Google го спремаат, а како и минатиот пат, објавено е видео од тест уред до кој имаат дојдено во источна Европа.

Видеото е на почетокот од статијата, а на него можете да се види како треба да изгледа овој телефон, како и некои од неговите карактеристики.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаДали повторно ќе видиме комерцијални суперсонични летови?
Следна статијаAndroid Q ќе дојде со поддршка за темен режим и можност за користење како десктоп со приклучување на монитор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.