Слика од Филае кој се приближува на комета (нацртана)

Иако е прилично тешко да се помириса комета, тоа му има успеано на леталото на Европската вселенска агенција наречено Розета и тоа со кометата 67П/Чурјумов-Герасименко.

Розета инаку ќе има задача да го испушти Филае, првиот човечки објект кој слетал на површината на комета за анализа, прибирање на примероци и испитување. Ова треба да го оствари во текот на следниот месец. Но во меѓувреме користејќи ги сопствените сензори и фактот што П67 се приближува до Сонцето, Розета го анализира составот на материјалите кои ги испушта кометата од далеку. Таа ги испушта бидејќи нејзиниот замрзнат надворешен слој се топи што овозможува да се ослободат заробени гасови од нејзината внатрешнина.

Токму тие гасови го даваат непријатниот мирис на оваа комета. Тие се состојат од вода, јаглероден моноксид и двооксид, амонијак, метан и метанол кои се пронајдени при првата анализа. Но при втората анализа се пронашло дека има и формалдехид, водороден сулфид, водороден цијанид, сулфур диоксид и јаглерод дисулфид. Веројатно не би сакале да ја примите оваа комета во своето друштво.

Слика од кометата 67П/Чурјумов-Герасименко

Научниците се заинтересирани да видат како ќе се смени составот на кометското јадро како што се приближува до Сонцето.  Филае треба да слета на 11 ноември по што ќе започне со својата работа на анализа на кометскиот состав.

Извор: Geek, RT

Претходна статијаGoogle воведе дво факторска автентикација преку USB стик
Следна статијаПочуствувајте ја музиката со новите слушалки на Alpine