google_2step_verification

Од Google објавија дека ја зајакнуваат сигурноста на своите корисници преку верификација во два чекора со употреба на USB стикче. Функцијата е достапна преку Google Chrome, каде корисниците наместо да внесуваат сигурносен код преку SMS порака или апликација, користат USB стик на кој се наоѓа сигурносниот клуч (Security Key). Од Google се решени да обезбедат сигурност во случај да вашиот мобилен апарат не ви е при рака.

Како што Google најави, има две предности во користењето на Security Key:

*  Логирањето преку код испратен на вашиот мобилен подлежи на ризик од хакери кои ги копираат сајотвите, но со употреба на криптираниот сигурносен клуч на вашето USB, ризик е значително намален.

*  За најавувањето преку USB меморија не ви е потребна мобилна мрежа, ниту пак батерија. Сигурносниот клуч не побарува интернет конекција, а е лесен и практичен за носење.

 

screen-shot-2014-09-28-at-11-15-24-pm

КАКО РАБОТИ ВЕРИФИКАЦИЈА ВО ДВА ЧЕКОРА НА GOOGLE:

1. Го внесувате вашето корисничко име и лозинка

2. Ведаш ќе ви биде побаран вашиот Security Key, кој ќе го добиете преку SMS, гласовна порака, мобилна апликација или користете го вашето USB

3. Google ќе ви даде опција да го запамти вашиот компјутер и така нема да има потреба од следна верификација. Корисницте сеуште ќе бидат заштитени, бидејќи секој пат кога ќе се логирате од друг компјутер, нова верификација ќе биде потребна

„Секој пат кога ќе се логирате користејќи Google Chrome и сигурносниот клуч од вашето USB, може да бидете сигурни дека вашаа сметка е криптирана на начин на кој никој нема да може да го пробие“, велат од Google. Иако целата опција користејќи криптиран сигурносен клуч е бесплатана, сепак ќе мора да поседувате USB меморија.

Иако користењето на дво факторската верификација останува бесплатна, сепак корисниците ќе треба да купат компатибилно стикче. Стикчињата треба да го користат Universal 2nd Factor (U2F) протоколот од FIDO Alliance, што значи дека истото корисниците ќе можат да го користат и за други сервиси кои што го поддржуваат овој протокол.

Од Google се надеваат дека и другите интернет прелистувачи (Mozilla Firefox, Internet Explorer, Opera) ќе најдат разбирање и ќе го воведат Google крипираното логирање, со што би им овозможиле на сите корисници да се логираат посигурно.

Извор: VB News, Google

Претходна статијаПредложена е пловечка велосипедска патека над реката Темза во Лондон
Следна статијаРозета леталото го истражува мирисот на комета и тој не е добар