Изглед на проектот за пловечка велосипедска патека над реката Темза, Лондон
Изглед на проектот за пловечка велосипедска патека над реката Темза, Лондон

Размислувајќи на конвенционалните начини на изведба на транспортација во модерните градови често знаеме да игнорираме идеи кои би можеле да решат проблеми од оваа област исто или поефикасно. Дали некогаш сте помислиле дека патека за велосипеди може да се изведе над вода? На истото имаат помислено една група на инженери, архитекти и уметници од В. Британија.

Имено, се работи за изведба на велосипеска патека која би била поставена на површината на реката Темза што поминува низ Лондон. И покрај тоа што оваа река има голем потенцијал за остварување на било каков сообраќај (вклучувајќи речен) тој потенцијал не е целосно искористен. Како што вели Конзорциумот за речно велосипедирање (River Cycleway Consortium) кој учествува во ваквиот предлог, „Реката Темза, главната транспортациона линија на Лондон уште од римско време се’ до 19-тиот век, освен од мал број на бродови за патување денеска е игнорирана како главна артерија за патување“.

Нивната идеја е да се постави велосипедска патека која ќе плови над водата и ќе овозможи поминување со велосипед далеку од закрчените лондонски улици. Таа ќе ги предупредува велосипедистите ако има големи бранувања во водата или голема промена поради плима и осека. За да го постигне ова таа ќе си создава сопствена електрична енергија од комбинирани обновливи извори како сончеви панели, генератори на плима и осека како и од ветерот.

Според првичната проценка таа би требало да чини околу 600 милиони фунти (отприлика 760 милиони евра) и да се простира на должина од околу 11 километри. Предложувачите треба да најдат решение за простирање на патеката околу некои значајни градби и објекти што веќе постојат на Темза како што е бродот-музеј HMS Belfast. Се планира главниот влог да дојде од приватни инвеститори кои потоа би можеле да наплаќаат карта за возење по патеката.

Ова е навистина интересна идеја за сите градови кои имаат големи површини покриени со непловна или малку употребена вода. Замислете да се покрие целата површина на Вардар низ Скопје, како и другите реки кај нас со вакви пловни патеки по кои може да се вози без да има потреба да се вклучуваме во градскиот сообраќај.

Сепак кај нас е добро што поголемиот дел од кејот на Вардар е покриен со велосипедска патека, па велосипедистите може да го поминат градот далеку од гужвите.

Извор: The Verge

Претходна статијаApple SIM: Една картичка за сите оператори
Следна статијаGoogle воведе дво факторска автентикација преку USB стик