Apple-Sim-640

Кога станува збор за SIM картичките, Apple е лидер во нивниот дизајн. Уникатната позиција која ја има Apple на пазарот и дава на компанијата неверојатна контрола над мобилните оператори, а со самото тоа и контрола над дизајнот на SIM картичките.

Apple беше првата компанија која ја донесе на пазарот микро-SIM картичката, која направи револуција во другите мобилни производители. Овој пат од Apple најавуват нова револуција наречена Apple SIM. Станува збор за SIM картичка која може сама да се репрогамира и прилагоди на сите мобилни оператори. Едноставно одберете од менито на iOS на кој мобилен оператор сакате да бидете и SIM картичата сама ќе ве префрли. Со овој потег се чини дека Apple ја превзема контролата над мобилните оператори и им овозможува на корисниците своеволно да бираат кој оператор ќе го користат.

Screen_Shot_2014-10-16_at_12.31.44_PM

За сега од Apple најавуваат дека новата SIM карта единствено ќе биде достапна за новите iPad Air 2 и iPad Mini 3, а со лимитирани можности ќе може да ја користат некои од мобилните оператори во Британија и Америка.

Apple SIM работи на краткотрајни договори, еден месец или по желба на корисникот, што значи дека годишната претплата и обврзувањето со договор на една или повеќе години нема да биде примарна цел за операторите.

„Новата Apple SIM картичка е реинсталирана на iPad Air 2 со Wi-Fi и мобилна мрежа. Apple SIM ви овозможува избор од краткотрајни договори кои ги нудат мобилните оператори, AT&T, Sprint, T-Mobile, и EE. Па кога и да ви затреба може да си го промените договорот, без обврзувања на долготрајни договори“, велат од Apple.

Големата SIM картичка е симбол на првите мобилни апарати, но од тогаш Apple ни ги презентираше mini-SIM, micro-SIM и nano-SIM, сега и најавената Apple SIM, со што Apple се први во трката помеѓу мобилните оператори и мобилните произверувачи.

Извор: The Verge

Претходна статијаGoogle Fit, едно место за сите ваши фитнес информации
Следна статијаПредложена е пловечка велосипедска патека над реката Темза во Лондон