alpine

Alpine е компанија која произведува аудио опрема за коли, но овој пат решија да направат слушалки, наречени Alpine Headphones. Модерен дизајн, високо квалитетен материјал, вграден 24-битен стерео аналоген конвертор, како и моќна батерија која треба да издржи до 10 часа, се некои од одликите кои Alpine Headphones ги прават уникатни.

Слушалките на Alpine се единствени кои користат Bluetooth, но не за поврзување, туку единствено за нивно програмирање, сетирање на басот и вградените драјвери. Да не го заборавиме и специјалниот пасивен режим на работа, кој се активира во случај кога батеријата е под 10%.

Alpine Headphones имаат специјален Alpine’s iOS app кој на корисниците им овозможува да ја уредуваат музиката по своја желба. Сепак, се чини дека овој производ е наменет за младата генерација, земајќи ја во предвид мулти-функционалноста, користењето на апликации, но и чувството на вибрирање на басот.

Слушалките се достапни по цена од 299 долари во сите продавници на Apple, а со нив корисниците добиваат USB кабел со полнач, iPhone-ready кабел за слушалки, микрофон и ташничка за носење.

Извор: Digital Trends

Претходна статијаРозета леталото го истражува мирисот на комета и тој не е добар
Следна статијаФиналната и редизајнирана верзија од Skype за Windows десктоп достапна за симнување