Shutterstock.com

Сигурно никој не мисли дека луѓето кои ќе ја сочинуваат првата колонија на Марс, ќе им биде лесно и дека целата мисија ќе помине без проблеми. Сепак, Елон Маск реши да ја објасни ситуацијата малку посериозно истакнувајќи дека има големи шанси да се умре на планетата, но и на патот кон неа.

Треба да се земе во предвид дека иако мисијата се планира за наредните декади, со што дополнително ќе напредне потребната технологија, сепак самиот пат до Марс е пат што ќе трае барем една година, по што следи слетувањето, па дури тогаш преживување на планетата. Самото полетување од Земјата уште се смета за доста ризична работа, па јасно е од каде доаѓа коментарот на Маск.

Изјавата Маск ја даде на почетокот од оваа недела на самитот „Humans to Mars“ каде говореше за се што е потребно за мисијата, како и тоа до каде се со развојот на Starship леталото.

„Стигнувањето до Марс, мислам, не е основниот проблем. Основниот проблем е изградбата на база, изградбата на град на Марс кој ќе биде само-одржлив. Сакам да нагласам, ова е многу тешко и опасно нешто. Не е за тие со слабо срце. Големи се шансите дека ќе умрете. Ќе биде тешко, но ќе биде навистина славно ако испадне.“ – истакна Маск.

Јасно е дека предупредувањето кое го дава Маск се однесува на сите можности за случување на некаков проблем, незгода, на една ваква опасна мисија, но исто така може да се сфати и како тоа дека ако се биде како што треба, луѓето ќе останат да живеат на планетата, без да се вратат назад.

ИЗВОРPopular Mechanics
ИЗВОР 2Futurism
Претходна статијаVivo работи на телефон кој може да ја менува бојата на задната страна
Следна статијаСистем од Oxford и MIT за ризиците од зараза со COVID-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.