Кинескиот производител на телефони Vivo продолжува да претставува концепти кои не се стандардни на пазарот. Од компанијата се познати по претставувањето на концепт уреди, кои месеци подоцна стануваат дел од некој официјален смартфон.

Овој пат не се работи ни за концепт уред, односно презентирана е нова функција која не е познато дали и кога би била имплементирана во некој официјален производ достапен на пазарот.

Конкретно, се работи за телефон кој може да ја менува бојата на задниот дел, а тоа може да се направи само со еден клик на копчето и избор на бојата.

Во видео презентацијата преку која од компанијата официјално ги потврдија шпекулациите за функцијата, може да се видат неколку бои кои се достапни, како бела, сина, виолетова и нијанси од оваа боја.

Промената на боите се постигнува со користење на електрохроматско стакло кое има можност да ги менува боите под влијание на различни електрични сигнали.

Интересен концепт, посебно за корисниците како нас кои им е здодеано од црните телефони, но никако да се одлучиме за друга боја, мислејќи дека може да не ни се погоди. Со едно притискање на копчето, бојата се менува и дури може да се добие впечаток како да сме купиле целосно нов телефон.  

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаFacebook воведе лимит за препраќање на пораки во Messenger како заштита од ширење на дезинформации
Следна статијаЕлон Маск до апликантите за мисијата на Марс: Има големи шанси да умрете на Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.