Shutterstock.com

Покрај препораката за носење на маски, едно од правилата кое најчесто се препорачуваше овие месеци е држењето на дистанца, поточно дистанца од околу 2 метри, со што се смета дека нивото на безбедност од потенцијална зараза е задоволително.

Сепак, ова правило доаѓа од сознанието дека вирусот може да се прошири преку малите капки кои ги испушта човекот додека кашла, но и додека збори, а посебно кога се смее. Овие капки се доволно тешки, да сите истражувања имаат покажано дека и не можат да патуваат во воздухот повеќе од 2 метри.

Работата е што истражувањата покажуваат дека вирусот може да се движи низ воздухот подолго време во уште помали капки кои не паѓаат веднаш на земјата, туку може да се движат и од 15 до 30 минути. Ова како сознание беше тука уште од самиот почеток, но не беше јасно колку овој начин може да предизвика заболување кај другите луѓе, нешто што со тек на време беше подигнато на повисоко ниво на ризик.

Логиката за тоа кога и каде е поголем, а кога помал ризикот од зараза, сепак е нешто посложена и не може да се извади едно универзално правило, како што е тоа држете дистанца и слично.

Ризикот од зараза зависи од тоа дали се наоѓате надвор, колку има струење на воздухот, колку луѓе има во вашата околина, дали тие разговараат, викаат, се смеат или пеат, дали носите маски и слично.

Истражувачите од Oxford и MIT излегоа со табела составена од повеќе ситуации и фактори, преку која може да се процени ризикот од зараза. Од истата се гледа дека како фактори се сметаат бројот не луѓе во околината, локацијата и вентилацијата, нивото и видот на комуникација, како и носењето на маска и должината на интеракција.

Доколку ги земеме двете екстремни страни на табелата, односно најмалку ризичната и најмногу, се добива заклучок дека најбезбедно е во ситуации кога се има интеракција надвор каде струењето на воздухот е добро, се носи маска и нема никаква комуникација, а и сето тоа трае кратко време.

Од друга страна, доколку интеракцијата трае подолго време и се случува во затворен простор со лоша вентилација, каде има поголема бројка на луѓе кои викаат и/или пеат, ризикот е висок.

Табелата има три нивоа на ризик, низок, среден и висок, а сите можни комбинации можете да ги видите на сликата во продолжение.

ИЗВОРBusiness Insider
Претходна статијаЕлон Маск до апликантите за мисијата на Марс: Има големи шанси да умрете на Марс
Следна статијаМакедонските јуниори-информатичари и годинава успешни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.