SpaceX

Во имејл до вработените на SpaceX од страна на Елон Маск, до кој имаат дојдено од CNBC, се истакнува дека приоритет на компанијата сега треба да биде Starship проектот. Единствено што може да дојде до исто ниво на приоритет е безбедното враќање на Crew Dragon капсулата која моментално е поврзана со Меѓународната Вселенска Станица и која беше првото лансирање на луѓе за SpaceX и првото лансирање од САД после долги години од откажување на шатл програмата на NASA.

Starship е вселенско летало кое има капацитет да носи товар и луѓе, а е замислено да покрај во орбитата на Земјата, се користи за мисиите кои се планираат за до Месечината и до Марс. Ова летало поради неговата големина, покрај тоа што има свој погон кој се користи кога ќе „излезе“ од Земјата, полетува со новите Falcon Heavy ракети кои имаат многу поголема моќ од повеќето други ракети.

Сепак, Starship уште е во фаза на развој, а веќе имаше повеќе проблеми, поради што и најверојатно доаѓа насоката од Маск да се даде приоритет. Другите проекти од компанијата може да се каже дека се успешно развиени и веќе функционираат, со што останува Starship.

Во продолжение е кратко анимирано видео преку кое SpaceX покажува како изгледа едно полетување и летање на Starship леталото со Falcon Heavy ракетата.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаНема воведување на нов полициски час, ќе се прави поголема контрола за почитување на мерките
Следна статијаVIVAX нови топлински пумпи – чудо на технологијата за секој дом
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.