Мисијата на Марс, може да се каже дека е крајната цел на се што развива SpaceX, компанијата на Елон Маск. Кога оваа мисија ќе се случи, ќе биде најголемото достигнување на човештвото во вселенските истражувања од првото стапнување на Месечината.

Ракетата која што беше во развој за оваа мисија, а и за мисија до Месечината, носење на голем и тежок товар во орбитата на Земјата, беше наречена BFR или Big Falcon Rocket.

Оваа ракета, односно помала тест верзија е официјално завршена, но сега оваа ракета има ново име, кое можеби е повеќе прикладно со оглед на планираните мисии.

Starship или вселенски брод е новото име, а Елон Маск на Twitter ја прикажа првата слика од целосно завршената верзија од оваа ракета.

Планот е да оваа ракета се тестира во суборбитални висини, односно да се тестира способноста на истата за вертикално полетување и слетување.

Наредната верзија која ќе треба да лета до орбитата на Земјата, Маск истакнува дека ќе биде повисока.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаWindows 10 ќе резервира до 7 GB простор на компјутерите за инсталирање на надградби без проблем, како и нормална работа на апликации и сервиси
Следна статијаПретставена првата SDXC картичка со капацитет од 1 терабајт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.