Со оглед на трендот на се поголема резолуција на сликите и видеата кои се сликаат, просторот којшто е потребен од картичките кои се користат кај камерите останува една од најважните работи. Ова отсекогаш бил случајот, односно технологијата напреднува, па сите пропратни компоненти мора да следат.

Иако SanDisk беа првите уште во 2016 година кои најавија SDXC картичка со капацитет од 1 TB, сепак тие таа картичка никогаш не ја направија достапна во продажба.

Сега компанијата Lexar, која е купена од страна на кинеската Longsys, ја претстави на пазарот првата SDXC картичка која има огромен капацитет од 1 терабајт.

Ова е доволно да во вашиот паричник можете да го зачувате целиот ваш компјутер, сите ваши слики и уште што друго, па повторно да ви остане слободен простор.

Сепак, иако вака звучи навистина добро и корисно, сепак големината на картичката не е единствениот фактор во нејзината корисност.

Потребата за големина доаѓа од снимањето на видеа во 4K резолуција, нешто што освен поголем простор, бара и поголема брзина на запишување на податоци на картичката.

Оваа картичка го нема најдобриот стандард кога е во прашање брзината, меѓутоа сепак е доволно за да може да се снима во 4K, инаку која би била логиката на оваа картичка, нели.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаМаск го покажа „Starship“ – првата тест верзија од леталото кое треба да се користи за мисии на Месечината и Марс
Следна статијаSamsung Galaxy S10 официјално ќе биде претставен на 20 февруари во Сан Франциско
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.