Фото: Blue Origin

Дојде денот кога Џеф Безос, познатиот основач на Amazon, ќе полета до вселената и ќе има можност да ужива во глетката кон Земјата и да ја почувствува „бестежинската“ состојба при орбитирање.

Лансирањето и целиот лет ќе бидат пренесувани во живо и ќе може да се следат со почеток од 13:30 часот по македонско време. Преносот ќе биде достапен на YouTube и можете да го следите преку овој линк.

Заедно со Џеф Безос ќе летаат и неговиот брат Марк, како и најмладиот „астронаут“ досега, 18 годишниот Оливер Даемен. Заедно со најмладиот човек кој ќе патува до вселената, објавија од Blue Origin, ќе биде и најстариот, пилотот Вали Фанк која има 82 години.

Фото: Blue Origin

Летот ќе се изведе со помош на New Shepard ракетата од Blue Origin која исто како Falcon 9 од SpaceX се користи повеќе пати поради можноста за слетување назад на Земјата, наместо да изгори во атмосферата.

На New Shepard е поставена капсулата во која ќе бидат сместени патниците, а целиот лет се изведува без потреба од пилот, односно автоматски.

За разлика од летот на Ричард Брансон со неговата Virgin Galactic, Џеф Безос ќе лета до границата на вселената, односно до висината од 100 километри која официјално се смета за почеток на вселената.

Целиот лет ќе трае само 11 минути, односно патниците ќе имаат само неколку минути по одвојувањето на капсулата и надминувањето на 100те километри висина, да уживаат во глетката, а и да го добијат чувството на немање гравитација, иако секако тоа не е случајот.

Во продолжение можете да го погледнете одличното видео од поранешниот астронаут од NASA, Мајк Масимо, како ја објаснува целата мисија на Blue Origin.

Претходна статијаПоплавите може да зачестат од 2030тите како резултат на влијанието на Месечината и климатските промени
Следна статијаNvidia ги донесува своите Ray Tracing и DLSS технологии на уредите кои работат на ARM чипови и Linux
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.