Фото: Hawaii Sea Grant King Tides Project / NASA

Студија од NASA, поточно од нивниот Sea Level Change Team, во соработка со University of Hawaii, објавена во Nature Climate Change, открива дека од 2030тите градовите кои веќе имаат проблем со поплави, ќе ги имаат многу повеќе.

Повеќе проблеми според студијата значи дека овие градови ќе имаат посилни поплави, но исто така тие ќе се случуваат почесто, па дури ќе има ситуации каде овие поплави траат и по цел месец со мали периоди на пауза.

Како причина за ова предвидување во студијата се истакнува влијанието на Месечината, нешто што одамна е познато, но овој пат засилено со зголемените нивоа на океаните и морињата поради климатски промени.

Месечината поминува низ две фази во својата орбита околу Земјата кои траат вкупно 18,6 години. Во половина од фазата влијанието на Месечината врз океаните, односно предизвикувањето на плима и осека е помало. Тоа значи дека влијанието врз плимата во овој период од орбитата е помало, како и врз осеката.

Во втората половина од фазата влијанието на Месечината е многу поголемо, нешто што и често е причина за поплавите кај крајбрежните градови и луѓето се веќе научени да живеат со оваа ситуација, а градовите се градени соодветно.

Месечината моментално е во „посилната“ фаза, но според NASA влијанието кое се предвидува уште не се случува поради тоа што зголемените нивоа на океаните и морињата нема достигнато доволно големо ниво.

Се верува дека доколку продолжи темпото на зголемување на водите, поради поголемите температури и топењето на мразот на Земјата, нивото ќе биде доволно зголемено да кога Месечината повторно ќе влијае повеќе на океаните, последиците ќе бидат многу поголеми.

Од NASA истакнуваат дека целта на оваа студија е да на време се направат потребните планови во градовите при градење на нови објекти, но и планирање на начини за заштита или намалување на последиците.

Иако студијата е направена во САД, доколку предвидувањата се покажат како точни, слично ќе бидат погодени сите крајбрежни градови во светот кои веќе имаат проблеми со поплави.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаИспратете emoji со звук со новата Soundmoji функција во Facebook Messenger
Следна статијаЏеф Безос денеска ќе лета до вселената со првиот лет со луѓе на неговата Blue Origin
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.