Фото: Facebook

Facebook Messenger апликацијата доби нова функција која на познатите emoji икони им додава звук и со тоа ги прави поинтересни во комуникацијата. Не сите икони добиваат своја звучна верзија, па за почеток се достапни само нешто повеќе од 20 икони.

До Soundmojis, како што ги нарекуваат од Facebook, се стига со притискање на иконата за emoji, па на новиот дел чие копче е направено во форма на звучник. Тука ќе биде прикажана првата икона, а со повлекување надолу ќе може да се видат останатите.

Фото: Facebook

Како Sonudmojis се преработени некои од најчесто користени emoji икони како смеење, аплауз, но додадени се и одредени икони со звуци од познати и актуелни филмови.

Од Facebook истакнуваат дека со тек на време листата на достапни Soundmojis ќе се зголемува.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаHuawei ќе го претстави P50 на 29ти јули
Следна статијаПоплавите може да зачестат од 2030тите како резултат на влијанието на Месечината и климатските промени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.