Претставувањето на најновата генерација од P серијата на Huawei оваа година беше до некаде неизвесно. Причините за истото се познати, а тоа се санкциите кои ги имаат САД кон оваа компанија која веќе неколку години не може нормално да функционира поради тоа.

Дека ќе го видиме P50 беше јасно, но до денес не се знаеше точно кога може да се очекува претставувањето.

Huawei P50 ќе биде официјално претставен на 29ти јули, а најавата за истото ја објави директорот на компанијата.

Заедно со најавата на претставувањето е и најавата за “нова ера на мобилната фотографија”, нешто што може да се очекува од P серијата од Huawei.

Huawei P50 ќе работи на новиот Harmony OS кој ќе им стане достапен и на корисниците на постарите модели, иако не на сите.

Претставувањето на P50 оваа година дефинитивно ќе привлече посебно внимание, па ќе биде интерсно да се види чипот на којшто ќе работи, неговите карактеристики, а посебно камерите.

Претходна статијаHuawei Site Power го доби првиот IEC 62443-4-1 ML3 сертификат за сајбер безбедност
Следна статијаИспратете emoji со звук со новата Soundmoji функција во Facebook Messenger
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.