На настан кој Huawei го одржа вчера, беа презентирани неколку нови производи, а слободно може да се каже дека главното внимание го привлече оперативниот систем на кој тие работат. HarmonyOS, како што беше најавено, оваа година ќе ја игра главната улога кај уредите од Huawei, кои веќе две години функционираат со проблемите предизвикани од САД.

HarmonyOS уште од самиот почеток се споменува како одговорот на Huawei на Android и нивната неможност да продолжат да зависат од овој оперативен систем од Google. Првиот уред кој почна да работи на HarmonyOS беше паметен телевизор, а вчера на таа листа се приклучија и новите MatePad Pro таблет компјутери, како и новата и одлична Watch 3 серија на паметни часовници.

Корисниците слободно може да се каже дека сепак најмногу ги интересира дали и кога овој оперативен систем ќе дојде кај смартфоните, па одговор на тоа прашање беше даден на вчерашниот настан.

Почнувајќи од овој месец, најновите смартфони од компанијата ќе почнат да ја добиваат надградбата на HarmonyOS, а во текот на наредните година дена истата може да ја очекуваат и сопствениците на постарите модели, се до P10.

Од Huawei истакнуваат дека корисниците кои би сакале да бидат меѓу првите кои ќе го пробаат HarmonyOS на нивниот компатибилен смартфон, за тоа ќе може да се пријават преку My Huawei апликацијата.

Од компанијата истакнуваат дека по надградбата корисниците веднаш ќе забележат одредени подобрувања во нивното корисничко искуство, а тоа посебно ќе биде изразено кај постарите модели.

Не е точно познато дали HarmonyOS е целосно ново развиен оперативен систем или сепак е направен на основа на отворениот код од Android. Според некои медиуми, кои имаат направено истражување, сепак се работи за систем кој е направен на основа на Android. Тоа ја има и предноста што на HarmonyOS ќе може да се инсталираат .apk датотеките, односно Android апликации.  

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei ја претстави серијата Watch 3 – нови часовници со моќност на паметен телефон
Следна статијаMicrosoft ќе ја претстави наредната генерација од Windows на 24ти јуни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.