По постигнувањето на договор за купување на ARM, Nvidia сега има поголема мотивација да ја зголеми важноста на оваа платформа која како и да е, е важен фактор во светот. Дали продажбата на ARM ќе помине, уште не е познато, а за тоа ќе треба да се произнесат властите во Британија, меѓу другите.
Од компанијата за време на GDC 2021 презентираа демо од две игри кои функционираат на ARM чип, на Linux машина, на кои е вклучена функцијата Ray Tracing, која слободно може да се каже дека направи огромна разлика кај гејмигнот пред некоја година, како и DLSS технологијата исто така од Nvidia.
Од Nvidia истакнаа дека ги имаат донесено кај ARM и Linux неколку од клучните технологии за да може да функционираат напредните функции кај нивните RTX графички, а тие ги вклучуваат следните:
- Deep Learning Super Sampling (DLSS)
- RTX Direct Illumination (RTXDI)
- RTX Global Illumination (RTXGI)
- NVIDIA Real-Time Denoisers (NRD)
- RTX Memory Utility (RTXMU)
Демото е направено на компјутер кој работи на ARM чип од MediaTek, поточно MediaTek Kompanio 1200, заедно со RTX 3060 графичка од Nvidia. Игрите кои ги демонстрираат можностите од оваа новина се Wolfenstein: Youngblood и The Bistro.
Оваа најава покажува дека во иднина може да се очекуваат многу повеќе можности за игри, но и работа со анимации и видео содржина, на поевтините уреди.