Nvidia

На крајот на јули излезе неофицијалната информација дека Nvidia е во напредна фаза од преговори за купување на познатата ARM, која е во сопственост на јапонската Softbank. Како што најчесто е случајот, овие неофицијални информации се покажаа како точни, па во текот на вчерашниот ден, трите компании го одобрија договорот.

Вредноста на ARM во продажбата може да достигне дури до 40 милијарди долари. Оваа сума би била постигната преку исплата на кеш и акции, како и дополнителна исплата доколку ARM го исполни планираниот успех во работата за оваа година.

Ова е една од поголемите зделки во овој бизнис, а секако ќе привлече и внимание од регулаторните тела, нешто што останува за да може официјално да помине овој договор.

Nvidia е главниот играч на пазарот на графички картички, додека ARM ги дизајнира чиповите кои се користат во мобилните уреди, а се произведуваат од страна на Apple, Samsung, Qualcomm и други.

Спојувањето на овие две компании од страна на Nvidia се гледа како нешто што ќе придонесе кон развојот на вештачката интелигенција, нешто на кое работат од компанијата. Со ARM под нивна „капа“, Nvidia ќе може да ја овозможи својата ВИ технологија на повеќе видови на уреди кои се веќе дел од бизнисот на ARM.

Од Nvidia најавуваат изградба на најголемиот супер компјутер базиран на ARM, а сега и Nvidia, истражувачки стипендии и партнерства, тренирање за вештачка интелигенција, стартап акцелератор и повеќе.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаИнтересен концепт за Surface Solo – Surface телефон со еден екран
Следна статијаСо мотото „Филм на секое платно“ започнува 19-тото издание на CINEDAYS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.