Microsoft официјално почна да го продава својот Android телефон Surface Duo од минатиот месец, а сега веќе корисниците треба да почнат да ги добиваат првите нарачки. Duo е пуштен во продажба нешто порано од ланската најава, односно требаше да биде пуштен дури во декември.

Повеќето првични реакции од американските портали за технологија не се баш позитивни, но ние би истакнале дека треба да се земе во предвид целната група на Surface Duo кој не е уред замислен да ги замени стандардните смартфони и масовно да се продава. Иако тоа може од Microsoft да го имаат како цел долгорочно, сепак на почеток Duo ќе им биде привлечен на корисниците кои сакаат да завршат нешто повеќе работа од својот мобилен, а Surface Duo дефинитивно тоа го овозможува.

Сигурно многу се прашуваат дали Microsoft можеби би претставиле уште еден Surface смартфон, со повеќе стандардна форма, односно со еден екран. За такво нешто нема најави и не е познато дали воопшто се размислува во компанијата во тој правец, но ако се земе во предвид следниот концепт дизајн, би рекле дека од Microsoft дефинитивно треба да размислат.

Концептот е направен од страна на Џонас Дехнерт, поточно @PhoneDesigner на Twitter. Тој објави неколку слики во кои се гледа телефон во стандардната форма, но со дизајн делови од другите Surface уреди од Microsoft и Surface Duo.

Концептот изгледа одлично, а запазена е и неверојатната дебелина на Surface Duo, а колку се тенки двата екрани кај овој уред, немаше некој од тие што правеа рецензии кој не беше изненаден. Концептот интересно е наречен Surface Solo.

Сите слики од концептот можете да ги погледнете на следниот „твит“:

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаАЕТМ: Достапен модулот за е-плаќање на бесплатната едукативна платформа – “ecomomerce4all.mk”
Следна статијаNvidia официјално постигна договор за купување на ARM за сума која може да достигне 40 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.