Фото од Apollo439 - Own work, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=91505469

Најпознатата компанија во светот која ги дизајнира чиповите кои се користат во мобилните уреди, ARM, наводно ќе добие нов сопственик и тоа познатата Nvidia. Според неофицијални информации, Nvidia е во преговори кои се стигнати во напредна фаза со сопственикот на ARM, а тоа е јапонската SoftBank.

SoftBank се соочува со одредени финансиски проблеми поради што добро би им дошло да дојдат до сумата која се наведува како можна за продажбата на ARM, а таа се најавува дека би изнесувала 32 милијарди долари.

Доколку дојде до договор, а веруваме дека како и секогаш неофицијалните информации се точни барем во делот дека има преговори, тогаш ова ќе претставува една од најголемите зделки на овој пазар.

Со оглед на тоа дека компанијата која преговара за купување e Nvidia, можни се истраги од страна на регулаторните тела доколку дојде до договор.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаФИТР: Запирање на финансирањето на компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош
Следна статијаeBussy е концепт на модуларно електрично возило кое нуди избор од 10 различни видови на варијанти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.