ovaries

Една жена, која пред 14 години била 13-годишна девојка, и` била дијагностицирана анемија токму пред да стапи во пубертет за која била потребна трансплантација на коскена срж. Заради тоа морала да прима хемотерапија (за да се супресира имунолошкиот систем), но докторите знаеле дека истата може да и` го уништи ткивото на јајниците и да ги уништи шансите да има деца во иднината. Заради тоа, тие решиле да и` го отстранат едниот јајник и да го зачуваат за во иднина.

Четиринаесет години подоцна жената раѓа здраво машко дете со помош на ткивото кое било зачувано во таа операција. Другиот јајник откажал со функција на 15 години, најверојатно поради хемотерапијата. Кога жената посакала да има деца, докторите земале дел од ткивото од зачуваниот јајник и го налепиле на другиот сега веќе откажан, како и насекаде низ телото. Две години по операцијата таа успешно го раѓа своето бебе.

Ваквиот случај е прв во историјата и отвора доста прашања околу изведливоста на ваквите „спасителни“ операции за третман на пациентите кои се под закана од опасни, но потребни начини на лекување како што е хемотерапијата, особено кога им е припишана како терапија пред да им се развие целосно телото. Со оглед на тоа што сега беше докажано дека операцијата може да успее, веројатно похрабро ќе се користи во иднина за помош на ваквите пациенти.

Извор: IFLScience, National Post

Претходна статијаMercedez-Benz со своја батерија за домовите
Следна статијаНаучниците успеаја да внесат минијатурна електроника во мозокот преку игла