mercedes-benz-energy-cell

Пред некое време пишувавме за навистина импресивните батерии на Tesla чија цел беше да ви го напојува домот. На пример, имате неколку обновливи извори на електрична енергија како сончеви панели, ветерници и слично, но струјата кои ја произведуваат ако немате како да ја складирате пропаѓа „во ветер“. Со помош на уред како теслиниот таа енергија може да се зачува и искористи кога ви е најмногу потребна.

Сега Mercedez-Benz во соработка со Daimler ќе понудат на пазарот и своја опција за домашна батерија. Исто како и во случајот со Tesla, ваквата технологија доаѓа оригинално од батериска технологија за електрични автомобили. Daimler веќе произведува електрични автомобили па не е чудно што ја имаат експертизата да им помогнат на Mercedez-Benz да продаваат батерии зад својот бренд.

Нивните батерии ќе можат да се комбинираат до 8 во едно пакување, што ќе овозможи моќност од 20 кВч, што е доволно за домашно користење. Ако ви текнува, истото можеше да се прави и со батериите на Tesla, но до „бесконечна скалабилност“. Батериите ќе бидат сместени некаде на ѕид или во подрумот и ќе го напојуваат вашето домаќинство со електрична енергија собрана од претходно.

Се` уште нема збор за цената ниту датумот на достапност на пазарот за батериите, но конкуренцијата никогаш не штетела, особено зошто ќе донесе до поевтинување на технологијата и заради тоа поголема достапност до просечниот човек.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаArchos претстави два нови супер евтини Android телефони
Следна статијаЖена роди здраво дете 14 години по отстранувањето на нејзиното ткиво од јајниците