Archos Helium

Францускиот производител, кој веќе се етаблираше во светот на електрониката со квалитетните, но евтини уреди, лансираше два нови Android паметни телефони, кои имаа многу солидни спецификации, можност за две сим картички и ниска цена.

50 Helium Plus  и 55 Helium Plus ќе имаат можност за 4G LTE конекција, што ги прави погодни за новата генерација на мрежа со висока интернет брзина. Како што најавуваат самите имиња, првиот модел има големина на екранот од 5 инчи, додека вториот има екрано со големина од 5,5 инчи. И двата телефони имаат дисплеи со HD резолуција (1280х720 пиксели), што е солидно со оглед на тоа што цената им е 109, односно 139 долари.

Уште поимпресивни се внатрешните спецификации, кои вклучуваат MediaTek процесор со четири Cortex A53 јадра и брзина од 1 GHz, 1 GB рам меморија и 8 GB простор за складирање податоци, нормално со можност за проширување со micro SD картичка. Камерата и кај двата модели има 13 мегапиксели, односно 5 мегапиксели за предната, селфи камера.

Помалиот телефон е опремен со батерија со капацитет од 2000 mAh, додека поголемиот со батерија од 2400 mAh, што треба да е доволно за цел ден користење, особено поради штедливиот процесор. И покрај тоа што се работи за евтини модели, верзијата на Android која ќе се вградува е последната Lollipop 5.1, која е чиста, без дополнителен скин од Archos, што е најава за брзи надградби во иднина.

Извор: GSMArena, Android Central

Претходна статијаKaspersky: Windows Phone е најбезбеден, iOS најмалку безбеден оперативен систем
Следна статијаMercedez-Benz со своја батерија за домовите