Анализата на функционирањето на мозокот зависи од тоа колку сензори имаме да ги искористиме и со колкава деталност ги набљудуваме процесите. За да се направи навистина длабока анализа потребно е да се имплантираат електроди длабоко во мозокот или да се седи мирен во кабина за скен со магнетна резонанца, што очигледно не секогаш е практично. Кога би можело само некако лесно да се сместат електроди или друга електроника во мозокот животот на истражувачите би бил полесен…
Веќе стана полесен. Имено, истражувачки тим од Универзитетите од Харвард и Јинг Фанг (од Пекинг) со помош на игла успеаја да вметнат минијатурна електроника во мозочните крвни садови на глувци, без засега никакви компликации. Тие употребиле стаклена игла за да сместат електроника со мрежеста структура во хипокампот и во латералните празнини. За време на 5 неделниот период на набљудување глувците не покажале имунолошка реакција, па дури нивните невронски мрежи почнале да се спојуваат со електрониката. Електрониката е направена од златни жички кои се обложени со биокомпатибилен полимер кој не предизвикува негативна телесна реакција.
Со помош на вметнатата електроника истражувачите ја анализирале активноста на мозокот, со ограничено оштетување на околината каде што се наоѓа. Според нив, со ваквата процедура може да се смести 20 пати поголема електроника него големината на иглата, што е импресивно. Ваквото откритие ќе може да се искористи за подобрување на анализата на мозочните процеси во случаи на епилепсија, мозочни удари и слични заболувања.
Сепак, дали се запрашавте дали ваквиот начин на внес на електроника во мозокот може да биде патот до создавање на директна врска меѓу него и компјутерите (т.н. мозок-компјутер опкружувања) кои можеби еден ден ќе ни овозможат пренесување на нашата свест во компјутерските системи?