Welcome_to_a_comet_node_full_image_2

Како што веќе пишувавме, Европската вселенска агенција (ЕСА) полууспешно слета летало на кометата 67P-Чурјумов/Герасименко. Додека фемшовинистите се ангажираа во кампањата против кошулата која еден од тимот на ЕСА ја носеше додека го правеше овој цивилизационен подвиг, тимот се ангажираше околу тоа што тргна на лошо како и со мисија да го оптимизира трошењето на енергија и активностите на Philae.

На крајот испадна дека Philae не слета како што треба, па со одбивање стигна до површина на кометата која е многу малку изложена на светлина. Поради овој факт сондата нема доволно енергија за да се активира повторно и чекаше подобри времиња кога кометата ќе почне да се доближува повеќе до Сонцето за да се стекне со поголема температура и енергија за работа. Изгледа дека тој момент полека доаѓа, и научниците од ЕСА се надеваат дека наскоро ќе дојде момент кога Philae ќе собере доволно енергија за да искомуницира со Rosetta, која пак ќе ја препрати информацијата до Земјата.

Според нив, можно е Philae веќе да е буден (му требаат услови од барем -45 степени целзиусови како и доволно енергија од 5,5 вати која веројатно ќе ја прими со 1,3 часа дневно Сонце, колку што добива во моментот), но ја штеди енергијата и се` уште не се одлучува да комуницира. Останува да видиме дали нивните претпоставки ќе бидат точни и конечно ќе можеме да ги забележиме следните информации од површината на комета.

Инаку, Philae веќе направи прелиминарни испитувања на составот на површината на 67P и откри дека таму постојат органски соединенија, што е навистина интересно откритие и некаква поддршка на хипотезата на настанување на живиот свет на Земјата преку пренесување органски материјал од комета (т.н. Панспермија).

Извор: The Verge, European Space Agency

Претходна статијаБезжичното полнење почнува да се појавува и во автомобилите
Следна статијаДронови што можат да Ве следат преку вашиот паметен уред