Многу трговски центри и поголеми продавници ги следат своите потрошувачи користејќи ги уникатните хардверски адреси на нивните паметни уреди. Тоа се прави кога паметните уреди бараат слободни безжични мрежи, така што уредите за следење ја добиваат таа „MAC“ адреса. Штом таа адреса влезе во системот за следење, се’ што следува е веќе лесно.
Целта на ваквото следење низ трговски центри и големи продавници најверојатно е поради маркетинг, но сепак за многумина тоа е нарушување на приватноста. Затоа „Apple“ почна да ги заштитува уредите од вакви следења со шифрирање на адресите што се во прашање во последната итерација од нивниот оперативен систем.
„Adnear“ – маркетинг компанија, почнува да имплементира ваква технологија на дронови што практично ја олеснува целата работа. Тоа би било со цел да можат да се таргетираат рекламите на паметните уреди со клиенти што се во близина на клиентот. На пример, доколку клиентот е кафетерија, и таа кафетерија сака корисниците со уреди на „Андроид“ во нејзина непосредна близина да добијат реклами со нивните најнови понуди, ваквите дронови можат да го овозможат истото многу полесно во споредба со фиксни уреди.
Иако во многу држави (вклучувајќи ја и нашата) летањето на дронови е строго контролирано, а некаде дури и целосно забрането, ваквите компани ќе мораат да бараат посебни дозволи за да применат ваква технологија.
Извори: The Verge