Како што почнаа да излегуваат шпекулациите, сега ја имаме и официјалната потврда за датата кога Apple планира да ги претстави нивните нови iPhone 14, меѓу другото. Оваа година настанот ќе се одржи порано од обично, па вашите потсетници ќе треба да ги наместите за 7 септември. Настанот, кој се очекува да трае два часа, ќе започне во 19:00 според македонско време и ќе може да се гледа во живо преку страната на Apple, како и преку нивната Apple TV апликација, се разбира тука е и YouTube каналот од компанијата.

Настанот ќе се одржи во Steve Jobs Theater на Apple Park кампусот, односно во седиштето на компанијата. Оваа година се очекува дека настанот ќе биде хибриден, односно ќе има присутни во живо, но не како што тоа беше порано.

Главниот уред кој треба да биде претставен на овој настан е iPhone 14. Оваа година не треба да има „мини“ модел, па се очекуваат 6,1 инчен iPhone 14, 6,7 инчен iPhone 14 Max, 6,1 инчен iPhone 14 Pro и 6,7 инчен iPhone 14 Pro Max.

За разлика од претходните неколку години, оваа година Apple ќе ги издвои повеќе обичните од про моделите. Тоа значи дека iPhone 14 ќе дојдат со истиот чип како iPhone 13, односно A15 Bionic и ќе го задржат целосно истиот дизајн како ланскиот.

iPhone 14 Pro моделите затоа треба да работат на новиот A16 Bionic чип, да имаат нова камера со 48 мегапиксели, како и главната новина кај дизајнот, исечок во форма на „апче“ за FaceID системот и мала дупка за камерата наместо познатиот „ноч“. За овие модели исто така се очекува и можно воведување на Always On екран, но ќе видиме дали тоа навистина ќе биде така на настанот.

Покрај новата iPhone генерација, на настанот треба да биде претставена и наредната генерација од Apple часовниците, односно Apple Watch8, а за оваа година се најавува и Apple Watch8 Pro. За Watch8 не се очекуваат големи новини, треба да го има истиот дизајн, а се најавува нова функција за мерење на температурата на корисникот. Про моделот е тој кој треба да донесе поголеми новини, наводно првиот редизајн на уредот после подолго време, поиздржливи материјали, поголема батерија и повеќе, а сето ова наменето за корисниците кои почесто спортуваат, планинарат и слично.

На настанот исто така може да се очекува и нова генерација од AirPods Pro слушалките, како и нов iPad Pro, а можно е и претставување на Mac Pro со M2 чипот.

Претходна статијаПоранешен директор во Twitter излезе со сериозни обвинувања за безбедносните практики во компанијата
Следна статијаGoogle следи најголем број податоци од корисниците, а Apple најмалку, открива една анализа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.