Анализа од Stockapps.com, прави споредба на бројот на податоци кои ги собираат дел од поголемите ИТ компании, а со тоа потенцијално ја нарушуваат приватноста на корисниците.

Очекувано, на првото место е Google кои собираат 39 податочни точки од корисниците, меѓу кои посебно се истакнува локацијата на корисникот. На последно место е Apple кои собираат „само“ 12 податочни точки, а тоа што изненадува е Facebook кои се блиску до Apple со 14 точки.

Без да се има детален пристап до кои се овие податоци кои компаниите ги собираат не може да се добие подобра претстава за споредба и анализа. Исто, се поставува прашањето, дали Apple собираат доста повеќе податоци од што се верува или Facebook не собираат толку многу како што мислиме.

На второ место во оваа анализа е Twitter кои собираат 24 податочни точки, по што следува Amazon со 23.

Не е јасно зошто ги нема Microsoft во оваа листа, компанија која го развива Windows оперативниот систем, огромна платформа која лесно им конкурира според бројот на корисници на мобилните. Microsoft исто така се критикувани дека собираат доста податоци од своите корисници, по што воведоа две нивоа на „следење“, па корисниците можат да го изберат основното.

Според StockApps.com, Google покрај следењето на локацијата на корисникот, ја следат историјата на сурфање, активноста на страни што не се од компанијата, како и имејл пораките во Gmail.

За Apple се истакнува дека собираат податоци кои се неопходни за одржување на корисничките сметки, а тоа во главно е и поради фактот што компанијата не заработува во главно од реклами.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПретставувањето на iPhone 14 закажано за 7 септември
Следна статијаSpaceX ги намали цените на месечната претплата за Starlink во повеќе земји вклучувајќи ја и Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.