Иако скоро целата земја е покриена со 4G сигнал, сепак немањето на надворешни антени во понудата од нашите оператори прави да користењето на интернетот не е баш секаде погоден како што треба.

Одлична алтернатива е Starlink интернетот од SpaceX кој е овозможен преку моментално повеќе стотици сателити поставени во ниската орбита. Поради ова, овој интернет може да се користи независно, без потреба од дополнителни оператори.

Од јуни оваа година сервисот на Starlink стана достапен и за корисниците на Македонија кои сега можат да ја нарачаат опремата за добивање на целосно независен интернет пристап. Корисниците се што треба е да ја инсталираат сателитската антена која ја испраќаат од SpaceX, и да ја поврзат со безжичниот рутер кој исто така е дел од пратката.

Месечната претплата за сервисот досега беше прилично висока, па освен ако интернет пристапот на бил клучен за одредена локација, сигурно мал број на корисници би се одлучиле да се претплатат.

Иако цената уште не е баш ниска, сега дефинитивно може да се каже дека е донесена на прифатливо ниво, па наместо околу 6.000 денари, таа сега изнесува 3.700 денари месечно.

На ова треба да се додаде и еднократниот трошок од 21.600 за опремата, а доставата во овој период е бесплатна.

Според информациите, просечните брзини кои се добиваат со Starlink изнесуваат околу 100 мегабити за симнување и околу 10 мегабити за прикачување на податоци. Латенцијата изнесува околу 40 милисекунди.

SpaceX ги намали цените во повеќе земји од Европа и Латинска Америка, односно не само во Македонија и истакнаа дека со тоа ги имаат прилагодено на стандардот на корисниците.

Претходна статијаGoogle следи најголем број податоци од корисниците, а Apple најмалку, открива една анализа
Следна статијаПо неколку месеци пауза поради зимата на Марс, Ingenuity го направи својот 30ти лет на оваа планета
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.